Повеќе од три илјади делегати на собир во Авганистан за прекин на огнот

84

Повеќе од три илјади делегати од сите делови на Авганистан се собраа во Кабул на седница на Генералното собрание, со цел да се постигне мировен договор помеѓу централните власти и талибанците.

Генералното собрание „Лоја Џирга“ се одвива под силни безбедносни мерки, во голем шатор во кој во следните неколку дена околу 3.200 верски лидери, политичари и претставници на етнички и племенски заедници ќе разговараат за можен договор.

Тие побараа двете страни да прогласат прекин на огнот и да го почитуваат тоа.

Талибанците, кои настојуваат повторно да воспостават строги шеријатски закони, одбиваат да разговараат со Владата на претседателот Ашраф Гани, бидејќи го сметаат за американска марионета и поради тоа ја одбија поканата на „Лоја Џирга“.

– Ние сме тука за да побараме од двете страни да објават прекин на огнот. Војната ќе заврши само ако двете страни престанат да се борат пред да потпишат траен мировен договор – рече Абдул Ханан, член на еден од одборите кој пристигна од југот на земјата.

Од октомври минатата година, САД и Талибанците одржаа неколку рунди преговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја прекине најдолгата американска војна што започна кога силите предводени од САД ги соборија талибанците по нападите на САД на 11 септември 2001 година.

САД сакаат да се повлечат од Авганистан, но за возврат бараат од талибанците да гарантираат дека земјата повеќе нема да користи екстремисти кои би ја загрозувале безбедноста во светот.

На седницата на Генералното собрание учествуваат и неколку десетици жени, кои истакнуваат дека Авганистан никако не смее да направи чекор назад во однос на правата на жените стекнати по соборувањето на талибанците.

– Повлекувањето на странските сили не треба во никој случај да значи дека ќе заборавиме сè што е направено за правата на жените и дека ќе мора повторно да страдаме – рече Семин Нури, која предводи  еден од одборите.

Талибанците во меѓувреме ја најавија својата вообичаена пролетна офанзива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...