Она што го јадете може да влијае на тоа кога ќе влезете во менопауза. Рибата, тестенините и некои производи можат да влијаат на хормонските промени…
Многу фактори можат да влијаат на почетокот на менопаузата, од генетиката, пушењето, хемотерапијата… но, новата студија открива дека и она што го јадете може да влијае на почетокот на менопаузата!
Научниците заклучиле дека исхраната која се состои во поголем дел од здрави производи како грашокот и мрсната риба влијаат на одложувањето на почетокот на менопаузата и тоа дури за три години, додека е можно лицата кои јадат многу тестенини и ориз ќе влезат во менопауза 18 месеци порано од просекот. Исто така, рафинираните јаглехидрати создаваат отпорност на инсулин, па тоа влијае на половите хормони во телото. Тоа создава повеќе менструални циклуси од вообичаеното, како и предвремена менопауза. Затоа избегнувајте често консумирање тестенини, леб или ориз.
Времето на почетокот на менопаузата може да остави последици на здравјето, без разлика дали во неа сте влегле прерано или предоцна, а се поврзува со развојот на рак на градите, јајчниците или матката.
Проблемите поврзани за раното влегување во менопаузата вклучуваат зголемен ризик за болестите на срцето и коските, развој на депресија, деменција и сексуална дисфункција, нагласуваат лекарите и додаваат дека предностите на правилната исхрана се големи, а оваа студија е важен чекор кон подоброто разбирање на факторите кои влијаат на влегувањето во менопаузата, особено за жените кои имаат предиспозиции за во неа да влезат прерано.