Лукаревска: Сакаме да градиме партнерски односи со даночните обврзници 

681

Нашата тенденција како Управа за јавни приходи е да градиме партнерски односи со даночните обврзници. Тука сме за да слушнеме дел од проблемите со кои се соочуваат даночните обврзници во секојдневното работење, одредени сугестии, за да ја унапредиме нашата работа како главен собирач на приходите во државата, истакна денеска во Кавадарци директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа со тим од Управата и со претседателот на Регионалната Стопанска комора Никола Наумов, денеска се сретнаа со стопанственици од тиквешкиот регион.

Средбата е, додаде,  да ги информираат  претставниците на компаниите за најновите измени и дополнувања на материјалните закони по кои постапува Управата за јавни приходи, новините во делот на повратот на ддв кај физичките лица, новините во делот на ваучерскиот систем, за даночните олеснувања при донации во спортските клубови од страна на даночните обврзници и слично.

-Имавме исто така и новини во Законот за регистрирање на готовински плаќања. Очекуваме да слушнеме и одредени нивни размислувања за да ги унапредиме максимално обострано нашите односи- нагласи Лукаревска.

Претседателот на Регионалната Стопанска комора рече дека продолжуваат со активности со цел да се биде мост помеѓу бизнис заедницата и институциите во државата.

-Тука сме за да ги слушнеме сите забелешки и сугестии на претставниците на бизнис секторот- нагласи Наумов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...