Би-Би-Си: Воени злосторства во Либија објавени на социјални мрежи

148

Истрага што ја спровел сервисот на арапски јазик на Би-Би-Си доведе до пронаоѓање видео снимки и фотографии од можни воени злосторства извршени во Либија.

Материјалот е пронајден на социјалните мрежи Фејсбук и Јутјуб, каде долг време бил споделуван, а на снимките може да се види како „борци на самопрогласената и меѓународно непризнаена Либиска национална армија (ЛНА) скрнават тела на борци и цивили“, информира Би-Би-Си.

Медиумот потсетува дека според меѓународните закони, скрнавењето тела и објавување фотографии од такви призори на Интернет е воено злосторство.

Наведувајќи дека некои од материјалите на социјалните мрежи биле повеќе од две години и имале преку 10.000 прегледи, британскиот медиум во описот на својот видео прилог, објавен со текстот, наведува дека еден од припадниците на „елитните единици“ на ЛНА се фалел со убивање и потоа масакрирање на тела на команданти на џихадисти со објавување снимки на својот профил на Фејсбук.

Би-Би-Си лицето Шериф ал Маргани го поврзува со ЛНА врз основа на неговата униформа и една видео снимка во која се ракува со лидерот на самопрогласената администрација Калифа Хафтар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...