Пинк: На 17 години доживеав спонтан абортус

„Уште кога имав 17 години, отсекогаш си го мразев моето тело, и се чувствував како телото да ме мрази мене.“

115

Пејачката Пинк (39) во интервју за „ЈуЕсЕј тудеј“ раскажа дека првпат абортирала на 17 години, а потоа имала уште неколку абортуси пред да роди две деца.

Пинк само неколку дена по објавувањето на нејзиниот најнов албум „Hurts 2B Human“ ја откри инспирацијата и скриените приказни зад нејзините нови песни, кои зборуваат за нејзините битки со анксиозноста, самодовербата…

Песната „Happy“ е лично напишана за Пинк, која во стиховите пее: „Уште кога имав 17 години, отсекогаш си го мразев моето тело, и се чувствував како телото да ме мрази мене, може ли некој да ми најде таблета за да не се плашам од сама себе?“

– Причината поради која го кажав ова е дека секогаш сум имала тешко, силно и гимнастичко тело, но во мојата 17-та година доживеав спонтан абортус. А сакав да го зачувам детето. Но, кога ова ќе ѝ се случи на една жена или млада девојка, тогаш се чувствувате како вашето тело да ве мрази, како тоа да е скршено и неможе нормално да ги извршува вообичаените работи – раскажа пејачката.

Таа сега е мајка на седумгодишна ќерка и двегодишен син.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...