Трамп конечно се договори нешто со демократите

140
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Демократите првпат по подолго време се појавија задоволни по средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата луќа, откако беше постигнат договор за инвестиции во инфраструктурата на САД во вредност од два трилиони долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Демократите претставени од спикерката на Претставичкиот дом, Ненси Пелоси, и лидерот на малцинската група во Сенатот, Чак Шумер, изјавија дека постигната е согласност за финансирање на два трилиони долари во инфраструктурни проекти. Средствата ќе бидат наменети за поправки на патишта и мостови, како и модернизација на енергетската мрежа и широкопојасната интернет покриеност.

– Изградбата на инфраструктурата во Америка никогаш не била партиско прашање. Се надеваме дека ќе правиме прогрес и во иднина на надпартиски начин – рече Пелоси.

Шумер изјави дека инфраструктурата е од клучно значење за иднината на Америка, дека создава работни места ја оддржува економијата на САД конкурента.

– За ова сме сите согласни – рече тој.

Белата куќа оцени дека средбата била „одлична и продуктивна за обнова на националната инфраструктура“.

Предвидена е повторна средба со претседателот за три недели за да се прецизира како ќе се финансираат инфраструктурните проекти.

– Претседателот се радува за заедничката работа и за придобивките од ова за американскиот народ – изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...