Пијалак од брусница со кој ќе ги исчистите сите отрови од телото

За детоксикацијата да има вистински ефект неопходно е да го промените вашиот режим на исхрана и тоа само на седум дена.

370

Брусницата преставува моќен антиоксидант, освен тоа овој плод е извор на витамин Ц, минерали, органски киселини, шеќер, билни влакна. Хипуричната киселина која се наоѓа во брусницата е еден од најдобрите природни антибиотици.

Состојки:
2 литра вода од брусница
половина лажица мелен цимет
1/4 лажица ситно рендан ѓумбир
1/4 лажица морски оревчиња
половина шолја свежо цеден сок од портокал
1/4 шолја свежо цеден сок од лимон

Подготовка:
Водата од брусница ставете ја да проврие, и на намалена температура додадете ги зачините. Гответе на тивок оган уште 15 минути по додавањето на зачините. Потоа оставете ја течноста да се олади на собна температура. На изладената течност додадете ѝ ги соковите од портокал и лимон и ставете ја во фрижидер да се лади.

Дополнителен совет: За детоксикацијата да има вистински ефект неопходно е да го промените вашиот режим на исхрана и тоа само на седум дена. Јадете што повеќе овошје и зеленчук, пијте што повеќе вода и така ќе ги прочистите цревата. Осмиот ден се препорачува пост кој подразбира консумирање само вода и пијалак за детоксикација. Потоа постепено вратете се на вообичаената исхрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...