Париз денеска на протести ќе го чуваат 74.000 полицајци

57

Демонстрациите по повод 1 мај, што ќе се одржат во главниот град на Франција, Париз ќе бидат обезбедувани од 74.000 полицајци и жандарми, јави дописникот на МИА.

На денешните протести ќе учествуваат претставници на синдикатите, на Жолтите елеци, како и членови на групата Црн блок

Жолтите елеци вчера на интернет најавија  „1-ви црно жолт мај!“, со што јасно ги откриваат своите намери: „Последен акт. Париз, главниот град на бунтот”.

Полицијата стравува да не се повтори минатогодишното насилство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...