Поранешен студент изврши напад на Универзитетот Северна Каролина, има мртви и ранети

115
Photo: EPA / CAITLIN PENNA

Две лица загинаа и четворица се повредени откако напаѓач отвори оган на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот. Тројца од повредените се во критична здравствена состојба.

Полицијата го уапси лицето осомничено за нападот, кој е поранешен студент на Универзитетот. Осомничениот, 22 годишен Тристан Ендрју Терел бил вооружен со пиштол. Полицијата информира дека полицаец влегол во собата каде Терел пукал, го разоружал и го привел. За време на приведувањето напаѓачот не прозборел ништо. Американските медиуми посочуваат дека тој бил дијагностициран како аутистичен, а поранешените соучленици го опишуваат како „тивок“.

Нападот е изведен на последниот ден од академската година. Завршните испити почнуваат следната недела.

Локалните медиуми информираат дека напаѓачот почнал да пука во вторник, околу 17.45 по локално време (23.45 по средноевропско време) во близина на иправната зграда на универзитетот Кенеди Хол.

„Бегајте, сокријте се, борете се. Веднаш заминете на безбедно“, објави универзитетот нешто пред 18 часот.

Веднаш потоа, студентите беа евакуирани, а полицијата го разоружа у приведе напаѓачот.

Photo: EPA / CAITLIN PENNA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...