Тинејџерка (15) од Велика Британија, опседната со серискиот убиев Тед Банди, е осудена поради обид за убиство на својата другарка од училиште, минатата година.
За време на судењето откриено е дека девојката имала цела листа со имиња кои би сакала да ги убие.
На листата на, тогаш, 14-годишната девојка биле и нејзината мајка, брат, пријатели како и деца и луѓе кои не ги сакала од нејзиното училиште.
Минатата година на 25 април, девојката ја намамила својата другарка во ќошот на училишниот двор, така што и рекла дека има подарок за неа. Ја замолила да ги затвори очите и да ги испружи рацете, а потоа ја прободела во градите со кујнски нож.
Жртвата поминала со помали повреди и успеала да побегне од неа. Пријател на девојките и открил на полицијата дека девојката во последно време била опседната со серискиот убиец Тед Банди, дури и му посветила цел училишен проект.
Тинејџерката на суд тврдела дека не сакала да ја убие својата пријателка, туку само да ја повреди.
– Тогаш навистина бев навлечена на мрачни работи – изјавила за време на истрагата.
Додека го истражувала масакрот во средното училиште во Колумбија, одлучила да направи нешто слично и во своето.
– Размислував да најдам пиштол и да ги убијам. Немав некоја посебна мета, но сфатив дека можам да погодам еден или двајца – признала пред полицијата.
Истрагата покажала дека девојката за свои идоли ги избрала Џек Мевосек и Андерс Брејвик, но и Тед Банди, па често ги пребарувала на интернет.
FOTO: Printskrin