Откриени нови детали од разводот, а Адел веќе е забележана како бакнува друг маж

Адел и Симон наводно не живееле заедно веќе извесно време, пишува „Дејли мејл“.

702

Пејачката Адел, која пред десеттина дена стави крај на осумгодишната врска и брак со Сајмон Конеки, беше забележана како се бакнува со друг маж, пренесуваат од „Сан“. Изворот, кој ја споделил веста пред таблоидот, тврди дека Адел и новото нејзино …

Адел и Сајмон наводно не живееле заедно веќе извесно време, пишува „Дејли мејл“. Исто така, напоменуваат дека тоа никој не го знаел и дека таа врска веќе извесно време била формално мртва. Адел е, исто така, веќе видена како бакнува непознат маж во Њујорк.

– Може да се каже дека им „попушти“ на Американците откако живее во Лос Анџелес, а неодамна беше забележана како се бакнува со многу згоден маж во еден бар. Наликува на Сајмон, само што е многу поуреден и поугледен – рекол извор за „Сан“, додавајќи дека Адел на анонимниот маж му да дала до знаење дека не сака ништо сериозно.

Извор близок до пејачката открил и дека Адел често оди на состаноци со мажи, но на пријателите им кажала дека не сака сериозна врска затоа што е посветена на воспитување на синот кој го доби од бракот со Сајмон, пишува „Дејли меил“.

Адел и поранешниот сопруг не потпишале никаков предбрачен договор, па набрзо следува битка за поделба на имотот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...