Првомајските демонстрации во Париз ќе ги обезбедуваат 74.000 полицајци и жандарми

92

Првомајските демонстрации во Париз, на кои ќе земат учество синдикатите, жолтите елеци и други групи  ќе ги обезбедуваат 74.000 полицајци и жандарми, јави дописникот на МИА.

Бројката на 74.000 припадници на силите на редот ја даде министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, кој притоа вети „најголема претпазливост“ наспроти најавеното присуство на 1000 до 2000 радикализирани активисти од групата Црн блок.

Утрешниот 1 мај во Париз се најавува како високо ризичен ден.

Во Париз се планирани традиционалните дефилеа на синдикалните организации, кон кои ќе се приклучат и Жолтите елеци.  Најрадикалните припадници на Жолтите елеци исто така одлучија да демонстрираат во главниот град. На интернет, веќе е најавено  „1-ви црно жолт мај!“, со што јасно ги откриваат своите намери: „Последен акт. Париз, главниот град на бунтот”.

Полицијата стравува да не се повтори минатогодишното насилство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...