Бебето на Меган Маркл и принцот Хари треба да се роди секој момент. Војводата и војвотката од Сасекс претходно изјавија дека не сакаат да го знаат полот на бебето додека не се роди, но британските кладилници веќе неколку месеци заработуваат на облозите за полот и името на бебето.
Кладилниците се уверени дека на свет ќе дојде девојче, кое парот ќе ја крсти по Дајана, но едно невообичаено име последниве денови молскавично се качува на листите на кладилниците.
Станува збор за италијанското име Алегра, кое наводно покојната принцеза Дајана би го избрала во случај да имала ќерка. Алегра на италијански значи радосна, весела и многумина сметаат дека двојчето на принцот Хари и Меган ќе го добие токму тоа име.
Во прилог на ова оди и претпоставката дека бебето нема да добие титула на нејзино Височество, па изборот на името за родителите е послободен од тој кој го имаат родителите на прицовите и принцезите.