Во Атина на 1 мај најавен 24-часовен штрајк на транспортните работници

65
Photo: EPA/Yannis Kolesidis

На 1 Мај во главниот град на Грција, Атина најавен е 24-часовен штрајк на транспортните работници, со што се опфатени автобускиот, тролејбускиот, градскиот железнички сообраќај и метрото, како и движењето на бродовите и фериботите.

Возачите на јавниот превоз во Атина и Пиерија, ќе штрајкуваат во текот на целиот работен ден. Возачите во метрото ќе штрајкуваат од девет часот до крајот на работното време, додека бродовите и фериботите нема да сообраќаат 24 часа, а штрајкот почнува ноќеска на полноќ.

Фото: EPA/Yannis Kolesidis

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...