Дачиќ: Признавањето на Косово е невозможна мисија

99
Photo: EPA / ANDREJ CUKIC

Средбата во Берлин не е нов формат на дијалог меѓу Белград и Приштина, бидејќи дијалог не постои, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, додавајќи дека позицијата на Србија останува непроменета: признавање на Косово е невозможна мисија.

– Тие не зборуваат за дијалог, а дијалогот за нив е ние да го признаеме Косово. Нашата позиција е непроменета – да го признаеме Косов тоа е невозможна мисија – нагласи Дачиќ.

Според него, форматот на средбата во Берлин бил неадекватен бидејќи „Западен Балкан нема што да кажува за односите меѓу Белград и Приштина“.

– Приштина сака да го убие дијалогот. На нив им треба признавање. Може колку сакате да има состаноци, но ако нешто не е во интерес на Србија, Србија тоа никогаш нема да го прифати. Од нивниот (косовски) список на желби – нема ништо – вели Дачиќ во изјава за РТС

Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...