Звиздиќ: Неповредливоста на границите е основен принцип на ЕУ

Повторно почнуваме со прекројување на некои нови граници и зборуваме за размена на територии, засновани на етнички принцип. Тие идеи се познати од минатото, не се нови. Тие идеи беа на Шешељ и Милошевиќ кои кога ги претворија во дела доведоа до смрт на стотици илјади луѓе, геноцид и иселување, рече Звиздиќ.

50

Сите земји на Балканот имаат меѓународно признати граници, а неприкосновеноста на меѓународно признатите граници е основен принцип на Европската унија, изјави во Берлин претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ.

Тој додаде дека тоа треба да остане доминантен модел и принцип на сите понатамошни активности, кога станува збор за оваа тема во регионот на Западен Балкан.

– Повторно почнуваме со прекројување на некои нови граници и зборуваме за размена на територии, засновани на етнички принцип. Тие идеи се познати од минатото, не се нови. Тие идеи беа на Шешељ и Милошевиќ кои кога ги претворија во дела доведоа до смрт на стотици илјади луѓе, геноцид и иселување, рече Звиздиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон вчера во Берлин беа домаќини на средба на претставници на Западен Балкан и Европската унија. Официјален повод за средбата беше „неформална размена на идеи“ со цел зацврстување соработка во регионот.

Фото: EPA/FELIPE TRUEBA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...