Приклучете се на глобалниот предизвик: Две недели без пластика

Новиот глобален предизвик почнува на 22.мај, а ќе трае до 5.јуни. #NoPlasticChallenge ги повикува сите луѓе во период од две недели да ги отфрлат пластичните производи за еднократна употреба кои не можат да се рециклираат. Предизвикот го почнала француската агенција „No plastic in my sea“.

228

Приклучете се кон новиот глобален предизвик кој почнува од 22.мај, а ќе трае до 5.јуни и не користете пластични кеси, прибор за јадење, пластични чинии, чаши, шишиња, сламки во период од две недели.

Исто така, избенувајте ги производите кои имаат пластична амбалажа и кои не можат повторно да се користат како и хигиенски производи кои имаат пластична амбалажа. Во овие две недели, не нарачувајте храна од рестораните и така избегнете го пластичниот прибор за јадење!

И ние ја поддржуваме иницијативата на француската агенција  No plastic in my sea, бидејќи секој од нас може барем на две недели да се откаже од еднократна пластика, а по истекот на рокот од две недели ќе сфатите колку навистина можете да го намалите нејзиното користење во секојдневниот живот.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...