Воените расходи во светот највисоки во изминатите три децении

142

Глобалните воени расходи минатата година достигнаа највисоко ниво во изминатите три децении, со најголемо учество во САД и Кина, според годишниот извештај на шведскиот истражувачки институт СИПРИ.

Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм објави дека воените трошоци во светот во 2018 година изнесуваат 1,8 билиони долари, 2,7 проценти повеќе од 2017 или 239 долари по човек.

САД остануваат земја со најголеми воени трошоци во светот со 649 милијарди долари, што е за четири отсто повеќе од претходната година. Нивниот удел изнесува 36 проценти од глобалните расходи за 20818 година. САД потрошиле речиси колку и следните осум земји во рангирањето.

На второ место е Кина со 250 милијарди долари или 14 проценти од светските расходи. Ова е зголемување од пет отсто во споредба со 2017 година – најниско годишно зголемување од 1995 година.

Саудиска Арабија останува трета со 67,6 милијарди долари, и покрај намалувањето на трошоците за повеќе од шест отсто во споредба со 2017 година. Следат Индија и Франција.

Првите пет земји учествуваат 60 проценти од глобалните воени расходи. Русија е на шесто место, со воени расходи од 61,4 милијарди долари. Таа не е во првите пет за прв пат од 2006 година.

Општ тренд според СИПРИ е дека воените трошоци како дел од БДП се намалија во сите региони од 1999 година.

Шест од 10-те земји каде што воените трошења го сочинуваат најголемиот дел од БДП, се на Блискиот Исток. Во Европа, просекот изнесува 1,6 отсто од БДП, нешто помалку од Африка и Азиско-пацифичкиот регион.Јужна и Северна Америка имаат најнизок дел – 1,4 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...