Германската агенција за државна безбедност е соочена со сѐ поголеми тешкотии при надгледување екстремисти во државата. Тоа се нагласува во извештај објавен од весникот Велт ам зонтаг.
Припадниците на екстремната десница во Германија се послабо организирани и тоа го отежнува нивното следење, се додава во извештајот на Федералната служба за заштита на Уставот.
Во исто време поголемите екстремистички групи веќе немаат големо влијание и како главни играчи се споменуваат „мали групи и индивидуи без особено сложена организација“.
Радикализацијата сега се врши пред сѐ онлајн во социјални мрежи и чет-групи, и тој фактор го прави следењето „многу потешко од порано“. Според документот цитиран од весникот, различни екстремно-десничарски движења кои немаат контакти со останатите, имаат потенцијал за извршување терористички акции.