Хрватски синдикати собираат потписи за референдум за намалување на возраста за пензионирање

302

Хрватски синдикати почнаа да собираат потписи за референдум за намалување на старосната граница за пензионирање од 67 на 65 години.

Во декември Парламентот на Хрватска одобри предлог на владата за зголемување на границата за пензионирање на 67 години од 2033 година и намалување на пензиите на луѓе кои се пензионираат предвреме.

Со новиот закон, што влезе во сила од 1 јануари 2019 година, ќе има 3,6 отсто намалување на пензиите за секоја година предвремено пензионирање.

Синдикатите бараат намалувањето да биде до 2,4 отсто.

Иницијативата наречена „67 е премногу“ смета дека во буџетот има доволно пари за пензии, но не се распределени праилно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...