Во Белград повторно протест со хуманитарен карактер

55

На платото пред Теразиска чешма во Белград синоќа и покрај велингденските празници се одржа 21-от протест „1 од 5 милиoни“.

Организаторите претходно најавија дека протестот  е во согласност со претстојниот празник и има хуманитарен карактер за собирање на парични донации за лекување на Вук Хуљиќ.

На протестот се обратија професорот Ратко Божовиќ и членот на Демократската партија и актер Бранислав Лечиќ.

Потоа граѓаните тргнаа во прошетка низ централните белградски улици до Градската библиотека на улица „Кнез Михајлова“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...