Во лондонскиот Музеј на дизајнот изложба за Стенли Кјубрик

Филмови, постери, фотографии, слики, писма и интервјуа се изложени во Музејот на дизајнот под наслов „Стенли Кјубрик: Изложба“.

69

Посетителите на лондонскиот Музеј на дизајнот од денеска ќе можат да ги видат и костимите што актерите ги носеа во филмот „Пеколен портокал“ (A Clockwork Orange) и реквизитите од филмот „Боев куршум“ (Full Metal Jacket) како дел од изложбата посветена на култниот американски режисер Стенли Кјубрик, кој почина пред 20 години.

Филмови, постери, фотографии, слики, писма и интервјуа се изложени во Музејот на дизајнот под наслов „Стенли Кјубрик: Изложба“.

Кјубрик беше сценарист, режисер и уредник, познат по својата истражувачка работа пред почнувањето на кој било проект. Тој е познат и по тоа што му посветуваше големо внимание на детали во филмовите „2001: Одисеја во Вселената“, „Спартак“ и други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...