Земјоделски субвенции побарале над 3.000 земјоделски стопанства

Согласно Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и согласно календарот и во наредниот период ќе продолжи со исплата на субвенциите на сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на средства од оваа програма.

212

Околу три илјади земјоделски стопанства поднеле барање за земјоделски субвенции за 2019 година, информираа од  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и потсетија дека рокот за аплицирање за користење финансиска поддршка е почнат и трае до 30-ти идниот месец.

Во овој период, како што е соопштено, ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, наведуваат во соопштението, дека тековно, согласно Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството, како и согласно календарот и во наредниот период ќе продолжи со исплата на субвенциите на сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на средства од оваа програма.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...