Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 731.115 мегават часови електрична енергија, 26,712 милиони нормални кубни метри природен гас, 536.377 тони јаглен и 70.563 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а за нејзино производство се употребени 97,6 отсто од вкупно потрошениот јаглен.