Сите добро знаеме дека пушењето е штетно за нашето здравје и дека значително го зголемува ризикот од рак на бели дробови.
Сепак, ако го занемарувате тој факт и секојдневно вдишувате никотин, треба да одбирате што ќе се најде на вашата чинија.
Најновите истражувањата покажале дека одредени производи може да го подобрат здравјето на белите дробови, па пожелно е почесто да ги консумирате ако сте пушачи.
Во истражувањето учествувале 680 луѓе од кои некои биле пушачи, некои биле поранешни пушачи и непушачи, а одговарале на прашања поврзани со нивната исхрана.
Сите биле подложени на мерења на спирометрија, метод што ја мери белодробната функција, односно белодробниот волумен и брзината на проток на воздухoт низ дишните патишта за време на вдишувањето или издишувањето. Тест бил повторен и 10 години подоцна.
Резултатите покажале дека пушачите кои консумирале многу јаболка, банани и домати имале најмали оштетувања на белите дробови.
Научниците објасниле дека причината за тоа е што тие производи се богати со антиоксиданти кои помагаат при намалувањето на воспаленијата на респираторните органи, го подобруваат здравјето на белите дробови и помагаат при обновувањето на оштетеното ткиво што се создало поради долгогодишно пушење.