Монструм на Кипар убил седум жени и девојчиња

Сите тие се државјанки на Филипините. Главниот осомничен е 35-годишен војник кој ги признал убиствата, а неговото име не е објавено.

336

Маж од Кипар призна дека убил седум жени и девојчиња. Локалните медиуми објавија дека станува збор за првиот сериски убиец на тој остров.

Две тела се откриени во рударско окно претходно овој месец, додека третото е пронајдено вчера. Сите тие се државјанки на Филипините. Главниот осомничен е 35-годишен војник кој ги признал убиствата, а неговото име не е објавено.

Жртвата која е пронајдена вчера, осомничениот ја запознал на сајт за запознавање партнери. Тој вчера ги однел истражните органи на место во близина на главниот град Никозија и им покажал каде е закопано телото.

Мажот признал дека убил уште жени и девојчиња, вкупно седум, па по нивните тела се трага.

Меѓу убиените е една жена од Индија или Непал и една жена од Романија и нејзината осумгодишна ќерка. Како исчезнато се води и едно шестгодишно девојче, ќерка на една од убиените жени.

На полицијата на Кипар во истрагата ѝ помага британската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...