Музичката ѕвезда Витни Хјустон почина пред седум години, а по нејзината смрт многу блиски личности имаа потерба да споделат со јавноста приватни детали од нејзиниот живот. Прво тоа го направи нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун, потоа сваќата Пат, поранешниот шеф Клајв Дејвис, но досега тоа не го направила Робин Крафорд, нејзината долгогодишна пријателка и љубовница.
Долга низа години во јавноста се шпекулираше дека пејачката и нејзината долгогодишна пријателка, една од ретките личности на кои им верувала, имале афера.
По смртта на Витни, Робин одлучила да молчи и тоа сѐ досега.
На 5 ноември оваа година се најавени нејзините мемоари под називот „Песна за тебе: Мојот живот со Витни Хјустон“ (A Song for You: My Life with Whitney Houston), а во нив раскажала многу детали непознати за јавноста.
Иако за нивната врска не се зборуваше премногу, во документарниот филм за Витни, објавен минатата година, за првпат јасно се проговори за нејзината бисексуалност, а тоа дополнително го потврди и нејзиниот поранешен сопруг Боби Браун, како и останати членови од семејството.
Робин Крафорд работела со Витни Хјустон цели 15 години, а секоја тргнала по свој пат во 2000 година. Во тоа време Хјустон станала зависничка од наркотици.
Постојат некои медиумски написи во кои се тврди дека нивната врска во еден момент била разоткриена и дека пејачката добивала уцени.
ФОТО: Инстаграм