Чикаго: Истече амонијак, во болница околу 30 лица

141

Околу 30 лица денеска се хоспитализирани откако дошло до истекување на амонијак од контејнер влечен од трактор во предградие на Чикаго, соопштија официјални лица.

Портпаролот на шерифот на округот Лејк  Кристофер Ковели изјави дека меѓу хоспитализираните има и тројца полицајци, кои се во добра состојба.

Според него, неколку други лица се во сериозна, но стабилна состојба.

Властите соопштија дека протекувањето на амонијакот се случило околу 4:30 часот по локално време, кога дошло до испуштање на хемикалијата во воздух над паркот Бич, околу 65 километри северно од центарот на Чикаго.

Властите побараа од жителите, кои се наоѓаат во радиус од еден и пол километар да ги затворат прозорците и да останат во своите домови.

Таа наредба подоцна беше укината.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...