Затворена Централната банка и патот кон аеродром: Шри Ланка во страв

164

Властите во Шри Ланка ја затворија Централната банка и патот кој води кон аеродромот во Коломбо, плашејќи се од нови бомбашки напади во земјата.

Полицијата повторно апси по бомбашките напади извршени на католички Велигден, во кој загинаа 359 лица, додека околу 500 лица беа повредени.

Во островската земја владее тензична атмосфера, а официјалните лица го затворија патот до главниот аеродром во главниот град на Шри Ланка, откако на паркинг било забележано сомнително возило.

Две неименувани официјални лица на банката изјавија дека улицата пред зградата во близина на Светскиот трговски центар во Коломбо била блокирана за сообраќај, пред да биде укинато предупредувањето за опасност по безбедноста на граѓаните.

Во меѓувреме, полицијата на Шри Ланка денеска уапси три лица и запленети 21 рачно направена граната и шест мечеви, за време на рацијата во Коломбо.

Досега се приведени 16 лица, вклучувајќи и странци, во врска со истрагата за бомбашките напади за време на Велигденот на Шри Ланка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...