Антиепилептици штетни за фетусите

123

Извештајот на француската агенција за лекови открива дека „Депакин“ не е единствениот антиепилептичен лек кој претставува ризик за малформации на фетусот, јави дописникот на МИА.

Покрај „Депакин“, пет други антиепилептици претставуваат „висока” опасност за фетусите. Марин Мартин, која прва предупреди за опасностите од „Депакин“, која е и претседател на здружението Апесак и мајка на две хендикепирани деца како последица од овој лек, потврди „дека во ниту еден момент не била информиран за опасностите од овие медикаменти“.

Во извештајот објавен денеска, Агенцијата за лекови соопштува за ризик од 21 антиепилептичен лек.

Лековите им биле редовно препишувани на 30.000 жени на репродуктивна возраст во 2015 година и тие претставуваат поголеми потенцијални ризици од невролошки нарушувања.

Според проценките, околу 30.000 деца би можеле да бидат погодени од нарушувања во развојот (аутизам, ментална ретардација, потешкотии или доцнење при говорот…), бидејќи биле изложени на „Депакин“ во утробата на нивните мајки во последните педесет години, покажува првата проценка на агенцијата во јуни 2018 година. На оваа бројка се додава и бројката од 2.000 до 4.000 жртви на малформации.

Aгенцијата на 14 мај ќе свика комисија на независни експерти за да предложи дополнителни мерки за намалување на ризикот поврзани со изложеноста на фетусите на антиепилептични лекови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...