Како да ја исчистите бојата од рацете? Еве неколку ефикасни методи

Без разлика за кој од овие начини ќе се одлучите, се советува рацете отпосле да ги намачкате со некој крем, бидејќи кожата ќе биде малку иритирана, како од триењето, така и од оцетот, лимонот или сода бикарбоната.

248

Препорачливо е да носите ракавици додека ги бојадисувате јајцата, за да го избегнете и боењето на рацете. Меѓутоа, ако тоа не сте го направиле, не грижете се, бидејќи постојат неколку начини како да ја отстраните бојата од кожата.

Еден од начините да ги исчистите рацете од бојата за јајца е да ги измиете со оцет. Сипете малку оцет на кожата и благо тријте со четкичка. Исто така, можете да сипете оцет на крпа или сунѓер, па благо да триете, бидејќи така ќе ги третирате само обоените места на кожата, а не на целата дланка.

Друга опција е лимонот – пресечете го на половина, а на кората од внатрешната страна сипете малку сол и истријте ја кожата на местата каде што е обоена.

Можете да се обидете и со топла вода во која сте раствориле сода бикарбона. Потопете ги рацете во топла вода, сипете сода бикарбона на обоените места и благо тријте со четкичка додека бојата не се отстрани.

Без разлика за кој од овие начини ќе се одлучите, се советува рацете отпосле да ги намачкате со некој крем, бидејќи кожата ќе биде малку иритирана, како од триењето, така и од оцетот, лимонот или содата бикарбона.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...