Додека бевме мали, беше нормално неколку пати неделно да се јадат јајца во различни варијанти, варени јајца или пак кајгана или јајце на око. Врз јајцето на око стававме малку црвен пипер, малку црн пипер, па дури и малку „вегета“. А јајца на око со спанаќ ни беше омилениот ручек.
Но наеднаш тоа се смени и почна да се зборува дека јајцата негативно влијаат на нивото на холестерол во крвта. Тоа го потврдуваа и некои истражувања кои подоцна новите ги „соборија“. И така некако почнавме да ги избегнуваме.
Сепак, што научниците сѐ повеќе го истражуваат влијанието на одделни намирници на нашето здравје и телесна тежина, сѐ погласно истакнуваат дека нема причина да ги избегнуваме јајцата, па дури и ако страдаме од покачен холестерол или ако се мачиме со вишок килограми.
Според најновите истражувања дури се советува да се јадат две јајца дневно (тоа, секако, ги исклучува дијабетичарите и лицата кои страдаат од болести на срцето, на кои пак, им се советува да јадат три јајца неделно), а ние истраживме што велат стручњаците дека ќе ни се случи доколку го правиме ова.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey