Славната манекенка била на вечера со Анџелина Џоли: Се однесуваше како вистинска кучка!

Каприс (47) од 1996 година живее во Велика Британија, а откако била топ-модел и актерка, покренала свој моден бренд „Бај Каприс“.

527

Манекенката Каприс Бурет, која во 90-тите години била вистинска ѕвезда, во интервјуто за „Њу магазин“, се потсетила на деновите на најголемата слава.

Каприс (47) од 1996 година живее во Велика Британија, а откако била топ-модел и актерка, покренала свој моден бренд „Бај Каприс“.

– Бев толку разуздана, колку многу само пиев. Не се дрогирав, но можев добро да се испијанам. Можев сама да испијам цело шише вотка, а момчињата покрај мене паѓаа под масата – рекла таа.

Големо внимание предизвика нејзиното присетување на средбата со Анџелина Џоли.

– Еднаш вечерав со неа. Вечерав одвоено и со Бред Пит. Не можам да се сетам дали тогаш веќе беа во брак, но таа беше ужасна. Се однесуваше како вистинска кучка. Во текот на вечерата не проговори, само зјапаше во празно. Беше ужасна, искрено – рекла Каприс.

Додека за Пит тврди дека е многу многу пристоен и мил маж.

– Џенифер Анистон е дефинитивно подобар избор на жена за него – смета таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...