За време на гостувањето во ТВ-емисијата „Амиџи шоу“, српскиот актер и водител Милан Калиниќ првпат јавно ја искоментира тепачката за време на натпреварот во спортската сала „Пионир“ во Белград на 6 април, кога му нанесе телесни повреди на еден навивач бранејќи го својот пријател.
Тој тогаш рече дека морал да го заштити својот пријател, кој без основа бил нападнат:
– Јас сум вплеткан во конфликт, бидејќи во конфликтот беше мој пријател. Секогаш барате начин да го избегнете насилството, но исто така, секогаш мора да најдете начин да му помогнете на својот пријател – рекол Милан.
Милан сега јавно, по првпат, подетално проговори за сè, па откри дали се кае поради тепачката.
– Да можам да го вратам времето, не би постапил исто. Повторно би скокнал да го одбранам пријателот, но не би се степал. Тоа нека им биде пример на младите луѓе како не треба да реагираат во такви ситуации. Не би зборувал повеќе на таа тема – кратко искоментира Милан.