На одбележувањето на 28-ми април Светскиот ден за безбедност и здравје при работа „ЕВН“ доби најмногу награди.
Националниот совет за безбедност и здравје при работа на „ЕВН Електрани“ им ја додели главната Национална награда за најдобри практики за 2018.
Проектите „Заштитно техничка документација“, „ Денови без повреда“ и „Најдобра фотографија“ беа оценети како најдобри практики за подигнување на свеста кај вработените за безбедноста и здравје при работа.
Покрај националната награда, стручните здруженија од областа на безбедност и здравјето при работа доделија награди во повеќе други категори. ЕВН и во оваа конкуренција осви неколку награди. Враќањето по цели 30 години на предметот „Безбедност и заштита при работа“ во наставната програма за учениците на ЕВН паралелката во СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје, што е дел од проектот „20-20-20“ на ЕВН Македонија и ја донесе првата награда.
Проектите за доопремување и модернизирање на тренинг центарот во Македонски Брод и воведувањето на нови обуки и интерната кампањаза безбедност при работа на „Електродистрибуција“ како и воведувањето на позитивни практики во безбедноста при работа на „ЕВН Електрани“ им ја донесоа втората награда од стручните здруженија.
ЕВН и годинава покажа дека е лидер во воведувањето на позитивни практики во сегметот на безбедност и заштита при работа со што останува доследна на стратегиите дека безбедноста на вработените е на прво место.