Владата ја демантира ВМРО – ДПМНЕ за средбата со текстилците среде избори

297

Владата на Република Северна Македонија категорично ги демантира и ги оценува како инсинуации тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за средбата на премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со делегацијата на работодавачите од текстилниот кластер.

Владата информира дека средбата е организирана на барање на работодавачите од текстилниот кластер со цел да се разговара за унапредување на условите за развој на текстилната индустрија.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес-конференција посочи дека до нив стигнале инфомрации дека министрите Царовска и Тевдовски денеска во Владата ги повикале претставниците на текситлната индустрија и јавно праша  која е целта на оваа средба и зошто се случува токму после првиот круг од претседателските избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...