Група сириски бунтовници започна да заминува од последното бунтовничко упориште, градот Дума, во Источна Гута во Сирија, јавија сириските медиуми.
Бунтовниците се упатиле кон Идлиб, во североисточна Сирија.
Тоа е прво повлекување на борци од групата Фалиак ал Раман од Дума, додека бунтовниците од групата Џаиш ал Ислам преговараат со Русија, со цел да обезбедат договор што ќе им овозможи безбедно повлекување.
Дел од договорот за евакуација на повредените и цивилите е постигнат синоќа, но се уште не е јасно дали станува збор за некој поголем договор.