Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека на границите на Хрватска се ангажирани 6.500 полицајци со цел спречување на илегалната миграција.
Тој додаде дека полицијата има многу добар увид каде, кога и како да реагира со цел хрватската територија да се заштити од илегални мигранти.
– Нашата политика кон миграциите, па и кон Босна и Херцеговина е заснована на соработка меѓу државите и полициите. Таа е дневна, континуирана, интензивна и остварува темелни резултати – спречување илегални миграции – рече Пленковиќ во Парламентот одговарајќи на пратеничко прашање за центарот за мигранти во БиХ кој треба да се отвори во близина на хрватската граница.