„Откуп“ од 30.000 евра или производите ќе бидат заразени, закани до компании за преработка на храна во Данска

808

Данската полиција истражува повеќе писма кои содржеле неидентификуван прав и закани, и кои биле испратени од Белгија во неколку компании за преработка на храна во Данска.

Уфе Стормли  од данската национална полиција изјави дека во писмата има „опасна супстанца“ но не кажа други детали, затоа што истрагата е во тек.

Данските медиуми јавија дека во писмата се барало „откуп“ од 30.000 евра или во спротивно производите на тие компании ќе биле заразени.

„Даниш Краун“, кој се смета за најголема европска компанија за преработка на месо, потврди дека добил такви писма. Компанијата додаде дека ниту вработените, ниту потрошувачите не се опасност.

Слични писма биле испратени и на адресите на неколку компании за преработка на храна во Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...