Добро размислете пред да ги исфрлите млечните производи од исхраната!
Живееме во време кога речиси секоја личност укинува нешто од својата исхрана – месо, глутен, млечни производи.
Додека многу луѓе кои се чувствителни на поедини состојки на производите немаат друг избор, лекарите сметаат дека оние кои укинуваат одредени производи од помодарство или животен стил си прават себеси повеќе штета отколку корист.
Многумина на тој начин ги избегнуваат млечните производи, верувајќи дека дебелеат и дека ги влошуваат кожните заболувања.
Сепак, стручњаците наведуваат дека исфрлувањето на оваа група производи од исхраната може да резултира со нетелоренција на лактозата.
За што, всушност, станува збор? Точно е дека повеќето од популацијата не реагираат добро на лактозата која тешко се вари, бидејќи организмот не произведува доволно лактаза – ензим кој овозможува разложување на лактозата. Децата помали од пет години имаат високо ниво на лактаза, но како што старееме, тоа ниво се намалува. Стручњаците, меѓутоа, наведуваат дека колку повеќе млечни производи консумираме, дотолку бактериите во нашата цревна флора произведуваат повеќе лактаза.
Бактериите во дебелото црево мора да се хранат за да преживеат. Тоа значи дека она со што се храните воедно ги храни одредени групи на бактерии во вашиот организам. Лицата во чија исхрана е застапена лактозата ќе произведуваат шест до осум пати повеќе лактаза во однос на лицата кои не внесуваат млечни производи, па со самото тоа подобро ќе ги варат, велат лекарите. Многу луѓе кои одлучиле повторно да ги вклучат млечните производи во исхраната, би можеле на почетокот да имаат тешкотии со варењето.
Лекарите советуваат млечните производи во тој случај да ги воведуваат постепено и полека, за организмот да има доволно време за производство на оптималната количина на лактозата.
Важно е да се напомене дека млекото содржи најголема количина на лактозата, додека млечните производи како јогуртот и тврдите сирења го содржат ова соединение во значајно помала мерка.