Момче добило на лото 768 милиони долари, ливчето го ставило во сеф… ВИДЕО

„Почнав да лудеам. Погледнав во броевите и се поклопуваа. Срцето почна да ми чука, почувствував врелина. Почнав да врескам“, рекол Франко.

538

Мануел Франко (24) од Висконсин освоил 768 милиони долари во играта на среќа „Пауербол“, што е трета најголема исплата во историјата на САД.

„Почнав да лудеам. Погледнав во броевите и се поклопуваа. Срцето почна да ми чука, почувствував топлина. Почнав да врескам“, рекол Франко.

Како што вели, дал отказ, велејќи дека едноставно повеќе не може да продолжи да работи.

Одлучил да избере еднократна исплата, наместо парите да му се улаќаат на рати, а додава дека ќе даде пари и во добротворни цели. Поради тоа што избрал еднократна исплата, ќе му бидат исплатени 477 милиони долари.

Подготвен е, истакнува Франко и на луѓето кои ќе доаѓаат да бараат пари да им каже – не.

Според законот на американската држава Висконсин, победниците на лотариите не можат да останат анонимни. Франко додал дека кога ги освоил парите станал параноичен и ливчето го скрил во сеф.

„Станав параноичен, како кога имате чувство дека цел свет трча по вас. Секој ден мислев дека некој е зад мене. Тешко е да го живеете својот живот кога го имате ливчето кое сите го сакаат“, рекол Франко.

ФОТО: Јутјуб/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...