Ќерката на Том Круз по шести пат славеше роденден без својот татко ФОТО

Круз ретко се огласува за својот приватен живот, така што сè уште не е познато дали тешко го поднесува фактот што не комуницира со ќерката.

411

Сури Круз е ќерка на славните актери Том Круз и Кејти Холмс, а пред неколку дена наполни 13 години. Прославата поминала без појавување на нејзиниот татко Том, кој веќе шест години не ја видел, ниту има каков било контакт со девојчето.

Сури го прославила роденденот во друштво на своите најблиски пријателки и мајка си во популарниот ресторан во Њујорк, „Delicatessen“, каде уживале во тестенините, салатите и сличните деликатеси.

– Не се издвојуваа од масата и беа исклучително љубезни кон персоналот – рекол очевидец, кој во истото време се затекнал во ресторанот.

Сури и нејзиниот татко заедно ги поминале годините само додека била мала, после што ја напуштил објаснувајќи дека неговата вера во саентологија не му го дозволува тоа, судејќи според написите во американските медиуми.

Сури расте без својот татко, кој не го видела последните шест години.

Том Круз е, инаку, еден од најголемите следбеници на оваа скиентологијата, која многумина ја нарекуваат култ. Тој во повеќе наврати истакнал дека скиентолошкото учење во животот многу му помогнало и дека е горд на таа религија. Во целата таа приказна го воведе неговата прва сопруга Мими Роџерс, а поради таа религија му пропадна бракот со Кејти Холмс.

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...