Кореограф на „Шехерезада“ во МОБ е Михаил Крапивин од Москва, сценограф е Марија Ветероска, а костимите ги изработи Маја Бурсаќ од Србија.
– Мистична, елегантна и егзотична. Балетската претстава работена по мотиви на приказните од „Илјада и една ноќ“ ќе ни ја раскажат балетските првенци Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили – соопшти НОБ.
Ќе настапат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска.