Аријана Гранде (25) официјално стана најмладиот изведувач на популарниот фестивал Коачела.
Бијонсе е една од трите жени кои ја имаа оваа привилегија, но не им се допаднало баш на сите тоа што младата пејачка доживеала ваков успех.
Имено, една девојка од публиката ја га пејачката со лимони и ја погодила право во градите.
На револтираната обожавателка на Бијонсе, очигледно ѝ засметало тоа што Аријана е двојно повеќе платена од нејзиниот идол, односно тоа што од организаторите добила осум милиони долари за концертот, додека минатогодишниот хонорар за сопственичката на хитот „Crazy in love“, излесувал само четири милиони.
Последниот албум на Бијонсе го носи насловот „Limunada“, па оттаму потекнува и инспирацијата за целата оваа драма.
ARIANA SWEETIE IM SO SORRY ABOUT THAT LEMON BUT… I CANT BELIEVE CHRIS AND I SAW THIS RIGHT IN FRONT OF US JSKSJW pic.twitter.com/SoJvdEwQjn
— kayleigh (@KayleighPerezz) April 22, 2019