Индија нема да купува нафта од Иран

Осумте земји кои се ослободени од примена на американските санкции кон Иран се Кина и Индија, кои се најголеми купувачи на иранска нафта, како и Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Грција. Турција и Тајван.

171

Индија ќе купува дополнителни количества нафта од други земја за да ја надомести загубата на иранската нафта, изјави индискиот министер за нафта и природен гас Дармендра Прадан.

Тој на Твитер напиша дека Индија подготвила голем план за адекватно снабдување на рафинериите со сурова нафта.

– Индиските рафинерии во целост се подготвени да ги задоволат домашните потреби за бензин, дизел и други нафтени производи – истакна Прадан.

Индија е трет по големина светски увозник на нафта и најголем купувач на иранска нафта по Кина. Њу Делхи од ноември минатата година речиси двојно ги намали набавки на нафта од Иран, откако стапија во сила американските санкции.

САД во ноември 2018 година воведоа санкции на извозот на иранска нафта откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи еднострано да ги повлече САД од мултилатералниот нуклеарен договор што го потпиша Иран со шесте светски сили. Тогаш Вашингтон одобри исклучок од примената на американските санкции за осумте најголеми купувачи на иранска нафта, во најголем број од Азија, дозволувајќи им да продолжат со купување на ограничени количества нафта од Иран уште шест месеци.

Осумте земји кои се ослободени од примена на американските санкции кон Иран се Кина и Индија, кои се најголеми купувачи на иранска нафта, како и Јапонија, Јужна Кореја, Италија, Грција. Турција и Тајван.

Во меѓувреме, Иран на најавата за нови американски санкции одговори дека ќе го затвори Ормуски Проток.

Ормуски Проток се наоѓа помеѓу Персиски и Омански Залив, кој се протега од јужната иранска граница до Обединети Арапски Емирати.

Ормуски Проток е главен канал за достава на нафта во Заливот, каде поминуваат сите танкери од Саудиска Арабија, Ирак, Кувајт и ОАЕ.

Претходно, „Вашингтон пост“ повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници, објави дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео најави оти „Стејт департментот од 2 мај нема повеќе да одобрува исклучоци од примената на санкциите кон Иран за ниту една земја која во моментот увезува иранска сурова нафта или кондензат (ултралесен облик на сурова нафта).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...