Ракот е една од водечките смртни болести во светот. И покрај тоа што медицината многу напредувала, сè уште постојат многу нешта кои треба да се направат, како во превенцијата така и во лекувањето.
Затоа, мора сами барем да се обидеме да ги превенираме сериозните болести и да го намалиме ризикот од нивно појавување. А, како лекарите и другите здравствени стручњаци се штитат од карциномот?
1. Да тргнеме од кожата…
Дерматологот Џозеф Собанко од Универзитетот Пенсилванија секое утро користи заштитен фактор 30 со цинк или титаниум диоксид, бидејќи нашата кожа е таа која ја освојува наградата за „најверојатно добивање рак“.
2. Добар појадок
Во борбата против ракот помага исхраната богата со зеленчук, влакна и омега 3-масни киселини. Онкологот Филип Спајс за појадок јаде тортиља со јајца. Во тава загрејте една четвртина чаша спанаќ и измешајте ја со јајце и шолја белки од јајца. Сето тоа завиткајте во тортилја од цели зрна со малку сирење, третина авокадо и лажичка лут сос.
3. Без пластика, ве молам
Урологот Џун Чен својот ручек за работа никогаш не го приготвува во пластични садови кои можат да содржат хемикалии кои можат да предизвикаат рак. Својата салата од кељ, фета сирење, семки од тиква и суво грозје ги става во стаклен сад или тегла.
4. Движењето е задолжително
Онкологот Кејт Мекрае, и покрај својата исцрпувачка работа вежба дури шест дена во неделата. Сака да вози велосипед, а во корист на вежбањето како превенција од рак зборува и истражувањето кое потврдило дека луѓето кои имаат два и пол часа умерена активност неделно имаат 31 отсто помал ризик од умирање од карцином отколку оние кои воопшто не вежбаат.
5. Јаткасти плодови
Онкологот Метју Јургелун за ужина избира бадеми или ф’стаци.
„Тоа е одличен начин да ја задоволам гладта и желбата за мрсни или слатки грицки кои придонесуваат за дебелеење“, вели тој.
Дури и едно истражување покажало дека пушачите кои јадат јаткасти плодови го намалуваат ризикот од рак на белите дробови. Јадете 20-24 парчиња јаткасти плодови дневно.
6. Рибата е одличен избор
Урологот Кристофер Сигал јаде риба, но не и месо. Неговата типична вечера е филе лосос со кафеав ориз и зеленчук. Јадете го овој оброк два пати неделно.
На моите пациенти им велам дека храната која е здрава за срцето е поврзана со помал ризик од рак на простатата.
7. Збогум на хроничниот стрес
И хроничниот стрес може да биде виновник за карцином. Урологот Нелсон Бенет советува една вежба: Затворете ја вратата и седнете, исклучете го телефонот. Вдишете воздух длабоко низ носот и издишете го преку устата и така десет пати. Затворете ги очите и слушајте ги звуците околу себе, дури и најтивкото зуење. Потоа фокусирајте се на својот здив. Не грижете се ако мислите ви заталкаат. Бидете упорни и ќе се увежбате!
8. Пијте зелен чај
Зелениот чај е богат со антиоксиданти. Онкологот Алан Ван пие чаша зелен чај секое утро. Едноставно, а корисно.