Мицотакис бара изгласување недоверба за алтернативниот министер за здравство, Ципрас барањето ќе го претвори во гласање доверба на Влада

231

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис најави дека неговата партија по Велигден ќе иницира гласање недоверба за алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, на ваквата најава на Мицотакис одговори грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој изјави дека иницијативата за гласање недоверба на кој било министер од неговиот Кабинет, тој ќе ја претвори во гласање за доверба на Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...