Пејачката Бритни Спирс ја напуштила психијатарската клиника во која била сместена, како што тврди нејзиниот поранешен соработник, уште од јануари.
Бритни завчера папараците ја снимиле како изглегува од хотел на Беверли хилс со своето 12 години помладо момче Сем кој цело време ја штителo од фановите и новинарите.
Бритни во рацете носела патики, телефон и чанта, а била во влечки и краток фустан, со неуредна коса и збунет израз на лицето.
„Одамна не изгледала волку лошо“, е само еден од коментарите на нејзините обожаватели, кои биле во голем број пред хотелот.
Бритни била хоспитализирана, според тврдењата на нејзиниот поранешен соработник, против своја волја во ментална установа каде ѝ била укажана помош.
Таа по вестите дека нејзиниот татко, кој имал операција и поминал на клиника 28 дена, одлучила да се сврти кон семејството. Меѓутоа, Бритни во еден момент престанала да је зема терапијата која ја земала уште од 2007 година, кога доживеа нервен слом и се истрижи ќелава во еден фризерски салон во Лос Анџелес. Поради тоа, одлуката на семејството била да ја сместат во установата за да ѝ помогнат.
ФОТО: Принтскрин/Инстаграм