Пред шест години стриптизетата Саманта Барбаш (46) се настрви на творците на филмот „Волкот од Волстрит“, а сега на ред дошла латино дивата Џенифер Лопез.
Имено, пред неколку дена Џеј Ло на Инстаграм сподели фотографија на која е облечена во минијатурен костим за капење.
Со оваа фотографија ја најави промоцијата на новиот филм „Hustlers”, кој ги следи животите на некогашните стриптизети кои одлучиле да ги „олеснат“ своите клиенти од Волстрит.
Тоа навистина и се случило пред неколку години, а Саманта поради ова кривично дело е осудена на пет години условна казна и смета дека има права врз филмот и сака дел од заработката, пишува „Њујорк пост“.
Имено, таа бара надомест од продуцентот на овој филм но и од оваа латино дива.
– Доколку сака да заработи на мојата приказна, тогаш треба и да признае дека тоа е моја приказна и веројатно заслужувам некаков надомест. Ќе го сопреме снимањето – изјавила Саманта за „Њујорк тајмс“.
Порталот наведува дека таа била на чело на таа „банда“, па заедно со колешките ги дрогирале мажите, а потоа им ги „чистеле“ кредитните картички.
На мета намерно им биле женети мажи, кои не би смееле на своите сопруги да им признаат каде исчезнале парите.
– Чест ми е што таа ќе ме глуми, но мислам дека прво требаше со мене да разговара. Ја знам целата вистина – додала таа.