Во Шри Ланка денеска Ден на национална жалост поради смртта на 310 лица кои загинаа во бомбашките напади во неделата.
Земјата е во вонредна состојба, а целата нација денот го почна со триминутно молчење за да оддаде почит на загинатите.
Националните знамиња се на половина копје, продавниците за алкохол се затворени, а радијата и телевизиите ќе емитуваат само сериозна музика.
ФОТО: EPA-M.A.-PUSHPA-KUMARA